Францускиот кошаркарски репрезентативец Нандо Де Коло се врати во татковината. 35-годишниот кошаркар кој е двоен европски шампион си замина од турски Фенербахче и повторно ќе игра дома и ќе игра за францускиот Асвел.
Де Коло и Асвел се договорија да соработуваат две години. Французинот ја почна кариерата во Шоле во 2006 година, а откако си замина од 2009 година играше само во странство.