Кошаркарот на Портланд, Демиен Лилард е пред трансфер во Мајами Хит.
Се работи за трејд во кој тимот од Мајами во Портланд ќе го испрати Тајлер Хиро, но и три или четири пика од првата рунда на НБА драфтот.
Доколку успеат да го доведат Лилард во своите редови, „жешките“ можат да направат солиден тим за новата сезона.
Инаку, во редовите на Треил Блејзерси, Лилард настапува од 2012 година и израсна во клупска икона.