четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Дончиќ блесна во триумфот над ЛА Лејкерс

НБА: Дончиќ блесна во триумфот над ЛА Лејкерс

Кошаркарите на Далас маверикс ја запишаа 18. победа оваа сезона во НБА-лигата, откако вечерва беа поуспешни на домашен терен од Лос Анџелес Лејкерс со 124-115.

Лејкерс имаше подобар почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 28-21, а Леброн Џејмс и другарите продолжија да го полнат кошот на Далас до крајот на првото полувреме кое им припадна со 54-43.

Лука Дончиќ и неговите колеги во првиот дел промашија голем број удари за тројки, но затоа се корегираа во третата четвртина која им припадна со 51-21 и така го свртеа мечот во своја корист за до крајот на средбата да го задржат водството и да слават со 124-115.

Џејмс повторно беше најдобар кај Лејкерс со 38 поени, шест скокови и пет асистенции, додека Дончиќ со 32 поени, девет скокови и девет асистенции го предводеше Далас до нов триумф.