Американските медиуми јавуваат дека на Флорида е уапсен кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, Торин Принс.
НБА играчот првпат бил запрен пред околу три месеци поради рутинска сообраќајна контрола, а полицаецот открил дека неговата регистрација на автомобилот е истечена.
Ова се случило на територијата на Тексас, па по натамошната контрола на возилото биле пронајдени два пиштоли и наркотици кои биле испратени на детални испитувања.
Утврдено е дека поседува марихуана и масло од канабис, па Принс бил уапсен на аеродромот во Флорида.