Џа Морант доби суспензија од осум натпревари од страна на НБА поради неговото скандалозно однесување во ноќен клуб каде мавташе со пиштол.
НБА му изрече блага казна на Морант ако се земе во предвид дека можеше да биде суспендиран и со 50 натпревари. Сепак суспензијата е само осум откако разговарал со комесарот Силвер и останатите водечки луѓе во лигата на кој им кажал дека ја сфатил грешката, се извинил и ветил дека нема да му се повтори.
Тој веќе доби казна од Мемфис, беше испратен и на советување и разговор со психолози.