понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Мајами со победа во Њујорк го отвори полуфиналето на Истокот

НБА: Мајами со победа во Њујорк го отвори полуфиналето на Истокот

Кошаркарите на Мајами Хит со гостинска победа над Њујорк Никс со (101-108) во полуфиналето на Источната Конференција.

Средбата во „Медисон Сквер Гарден“ беше изедначена, тимовите се менуваа во водството, но на крајот „жешките“ дојдоа до славје.

Гостинот отвори подобро, ама не успеаја да се одлепат. Никси влегоа во подобар моментум, па со добра игра првпат двоцифрено поведоа (32-21).

До полувремето домашната екипа имаше резултатска контрола, ама предноста се преполови и на одмор се замина со 55-50.

Мајами се разбуди во продолжението, врза добра серија и успеа да го сврти резултатот. Хитс ја одржуваа предноста, домаќинот од Њујорк се одржуваше во пристоен дефицит, пријде и на само три поени негатива, ама во последните минути Мајами одигра сигурно и дојде до победата.

Барет беше најефикасен на натпреварот со 26 поени, додека Батлер во Мајами имаше „дабл-дабл“ со 25 поени и 11 скока.