Центарот на Лос Анџелес клиперс, Ивица Зубац постигна дабл-дабл на натпреварот против Индијана (114:100). Зубац имаше 31 поен и 29 скока (личен рекорд) со шут од поле 14 од 17 за 36 минути. Во четвртата четвртина Зубац беше исклучен поради шестиот фаул.
Хрватот додаде и по три асистенции и блокади.
Од сезоната 1973/74, ова е само трет пат во НБА-лигата кога играч на една средба постигнува 31 поен, 29 скока и 3 блокади. Последен пат тоа го направил легендарниот Карим Абдул-Џабар на 3 февруари 1978 година.
Зубац воедно го повтори и достигнувањето на славниот Шекил О’Нил од 2004 година постигнувајќи 30+ поени, 25+ скокови со 80 и повеќе проценти од поле.
Од 1981 година во НБА има само три дабл-дабл 30+30. (МИА)