понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Нејпир официјално во Црвена Звезда

Нејпир официјално во Црвена Звезда

Довчерашниот плејмејкер на Олимпија од Милано, Шабаз Нејпир е нов член на Црвена Звезда. Тој е осмото засилување за клубот ова лето, едно од најзвучните после Милош Теодосиќ и Адама Ханга како и миленикот на публиката Дејан Давидовац. Во Звезда пристигнаа уште Марко Симоновиќ, Мајк Тоби, Џоел Болмбој и Рокас Гедраитис.

Нејпир беше главен двигател на играта на Олимпија минатата сезона која стигна до пласман во четвртфиналето на Евролигата после тапкање при дното на табелата.

Нејпир, кој е роден во Бостон има искуство во НБА лигата, со преку 350 настапи бранејќи ги боите на Вашингтон, Минесота, Бруклин, Портланд, Орландо и Мајами.

Не заигра за Зенит од Санкт Петербург поради повреда на лигаменти, а по почнување на војната во Украина тој си замина.