Рускиот клуб Уникс Казан и нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ се договорија за продолжување на соработката и Македонецот ќе остане уште една сезона во рускиот клуб, со можност новиот договор да биде продолжен за уште една дополнителна година.
25-годишниот Димитријевиќ беше еден од клучните играчи на Уникс во сезоната која беше крунисана со титулата во единствената ВТБ-лига. Ненад Димитријевиќ воедно беше прогласен и за МВП на финалната серија, а сите овие успеси беа доволна причина за управата на Уникс Казан да ја продолжи соработката со нашиот репрезентативец.
Минатата сезона популарниот Нено настапи на 47 натпревари и бележеше солиден просек од 12,8 поени, 5,6 асистенци, 2,5 скока и 0,9 украдени топки по натпревар.
Неодамна Димитријевиќ го најави и своето учество во претквалификациите за Олимписките игри и најверојатно заедно со Американецот Ти-Џеј Шортс ќе му се стават на располагање на селекторот Александар Јончевски.