петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ненад Димитријевиќ поради повреда нема да настапи во Талин

Ненад Димитријевиќ поради повреда нема да настапи во Талин

Македонската кошаркарска репрезентација денеска отпатува за Талин каде ќе настапи на претквалификацискиот турнир за пласман Олимписките игри во Париз идното лето. Нашиот тим ќе биде сериозно ослабен, бидејќи од конечниот список на патници отпадна Ненад Димитријевиќ.

Селекторот Александар Јончевски синоќа ги одреди 12-те патници за турнирот што ќе се одржи од 12 до 15-ти август во естонскиот главен град. Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ отпадна од комбинација, поради повреда на тетивата и ќе мора да мирува одреден период иако од нашиот табор највуваат дека не се работи за нешто сериозно.

На негово место во конечниот список се најде името на младиот Андреј Шошкиќ. Покрај искусните Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, тука е и Ти Џеј Шортс, потоа Дамјан Робев, Љубомир Младеновски, Андреј Маслинко и Андреј Магдевски, селекторот на располагање има плејада млади играчи како Андреј Андоновски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.

Македонија на претквалифицискиот турнир ќе игра против Израел, Естонија и Чешка. Првите две репрезентации од групата ќе се пласираат во полуфиналето што ќе се игра во Гљивице, Полска, каде што ќе вкрстат со најдобрите две селекции од групата Б, а тоа се Полска, Португалија, Босна и Херцеговина и Унгарија. Само победникот ќе обезбеди место на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз.