Стив Неш доби отказ во Бруклин нетс по слабите резултати на тимот во новата сезона во НБА лигата, а Мрежичките веќе му најдоа замена и тоа ќе биде скандалозниот тренер од Бостон, Име Удока.
Удока е суспендиран од Бостон селтикс на една година, односно до јуни 2023 година поради љубовен однос со вработена во клубот.
Сепак, Име го прекрши клупскиот правилник, но не и тој на НБА, па може веднаш да почне да работи, а велат дека веќе се договорил со Бруклин и се чека само потврда и промоција.
Неш беше кормилар на Мрежичките од септември 2020, односн нешто повеќе од две години.