петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Неверојатна грешка на Јапонците: Кошаркарите врат ќе искриват во Токио – буквално (ФОТО)

Неверојатна грешка на Јапонците: Кошаркарите врат ќе искриват во Токио – буквално (ФОТО)

Јапонија за организација на Летните Олимписки игри во Токио, кои стартуваат од петок со свеченото отворање, иако веќе тргнаа натпреваруте во софтбол и фудбал од денеска, потрошија преку 15 милијарди долари за организација на игрите, ама на сите при потрошени направија и – невидена грешка.

Во олимпиското село, кое од беше изградено специјално за овие Игри, веќе се полни со спортистите кои ќе настапат на најголемиот светски спортски настан, ама кошаркарите на пример си имаат уште на старт голема мака со сместувањето. Посебно кога треба да влезат во тоалет и купатило.

Јапонците направиле грешка со висината на плафонот, па Арон Бејнс, австралискиот репрезентативец вратот го искриви за да може да влезе во тоалет.

Бејнс е висок 208 сантиметри, што значи дека плафонот во купатилото е едвај над два метри, па сеирџиите веќе се мајтапат со Јапонците.