Фенербахче прави коренити промени во тимот за наредната сезона, па турскиот гигант бара начин да се ослободи од обврските кон плејмејкерот Ник Калатес, но и српскиот кошаркар Немања Бјелица.
Калатес веќе извесно време беше во војна со тренерот Итудис и извесно беше дека Фенер ќе бара начин да го раскине договорот со него. Бјелица пак требаше да биде големо засилување откако лани дојде од НБА-лигата, но серијата повреди го ограничи на само седум евролигашки средби на кои имаше скромен просек од 2,7 поени по натпревар.
„Донесовме одлука – Бјелица и Калатес не се дел од нашите планови за наредната сезона. Веќе ги контактиравме нивните менаџери и одлуката им е соопштена. Тие имаат уште по една година од договорот со нашиот клуб, но се надеваме дека наскоро ќе најдеме заеднички јазик“, изјави генералниот менаџер на Фенербахче, Дерва Јаниер.