Грчкиот репрезентативец, Ник Калатес и официјално е ново засилување на Фенербахче. 33-годишниот кошаркар и раководството на клубот потпишаа двегодишен договор.
Калатес доаѓа од Барселона, минатата сезона во Евролига одигра 29 натпревари на кои постигна 7,3 поени, четири скока и 6,4 асистенции во просек.