Сагата околу Никола Миротиќ и неговиот нов клуб откако си замина од Барселона, конечно е завршена. Миротиќ во новата сезона ќе го носи дресот на италијанскиот шампион Олимпија Милано, објави порталот „Ла Преалпина“.
Според овој медиум Миротиќ ја прифати понудата на италијанскиот тим одд 1.52 милион евра по сезона.
Миротиќ имаше договорено речиси се со Партизан, но поради заканите кои ги добиваше, одлучи да не потпише за Црно-белите.
Шпанскиот репрезентативец кој е роден во Црна Гора, исто така ја одби понудата на Панатинаикос вредна осум милиони евра за две сезони.