среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николас Батум оди во пензија по ОИ во Париз

Николас Батум оди во пензија по ОИ во Париз

Олимписките игри во Париз ќе биде последно натпреварување во кариерата на капитенот на Франција, Николас Батум.

Батум најави дека ќе замине во пензија по Олимписките игри во Париз, а неговата сопруга потврди дека кошаркарот ја игра последната сезона со Лос Анџелес Клиперс.

Искусниот кошаркар ја почна кариерата пред 17 години во Ле Ман, а две години подоцна се пресели во НБА-лигата.

Батум со Франција освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во 2013 година, а притоа има и еден сребрен медал на ЕП, но и два сребрени на Светското првенство.