Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром со нов тренер ќе ја продолжи сезоната во Првата кошаркарска лига, откако српскиот стратег Драган Николиќ беше разрешен од позицијата прв тренер на оваа екипа.Ваквата одлука на челните лица на МЗТ Скопје дојде по драконската казна која што Кошаркарската федерација на Македонија која му ја изрече на Николиќ поради испадот на натпреварот со Кожув кога влета в терен и собори протинички кошаркар.
Николиќ, во изјава за српските медиуми ја прифати одговорноста, но смета дека е престрого казнет, бидејќи толку долга суспензија му го ускратува правото на работа.
„Ме направија сериски убиец. Намерата ми беше да ги размрдам играчите. Не ни сонував дека Американецот Мајрон Гордон ќе налета на мене. Гордон тргна кон мене, јас веднаш му ја подадов раката со извинување, а тој го прифати. Знаев дека ќе бидам казнет, но не со толку натпревари. Официјалната суспензија е десет натпревари. Ова е пекол за мене, титулата шампион на Македонија ми е одземена“, вели Николиќ, кој со МЗТ го освои Купот на Македонија.
Местото на Драган Николиќ го презеде неговиот помошник Васко Атанасов.