четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Ни треба помош од трибини за да го изненадиме Будуќност

Николиќ: Ни треба помош од трибини за да го изненадиме Будуќност

Тренерот на МЗТ Скопје Драган Николиќ има проблеми со повреди и болести пред мечот со Будуќност, но сепак верува во најдобро издание на своите избраници.

„Пред нас е уште еден тежок натпревар, против екипа зад која се одлични настапи во Еврокупот. Будуќност сезонава игра подобро на домашен терен, што не значи дека нема да даде сѐ од себе да го подобро скорот на гости. Предводени се од одличен тренер, кој веќе освои АБА-трофеј, а неодамна се засилија со двајца извонредни кошаркари. Ова не значи дека нема да се обидеме да го совладаме квалитетниот ривал, без разлика на ситуацијата во која се наоѓаме. Дуелот со Будуќност ни е трет оваа недела, откако по убедливиот пораз кај Партизан одлично изреагиравме во домашното првенство. Се соочуваме со повредени и болни играчи, но и покрај сѐ ќе стиснеме сили и ќе пробаме да дојдеме до посакуваната цел. А, за тоа ќе ни биде потребна и голема помош од трибините од нашите верни навивачи“, заврши Николиќ.