четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Овој меч е „да се биде или не“ за МЗТ

Николиќ: Овој меч е „да се биде или не“ за МЗТ

Македонскиот кошаркарски шампион ќе се сретне со Борац Чачак во клучниот и одлучувачки меч за аеродромци за опстанок во АБА-лигата.

Мечот е на програмата в сабота во 19 часот. Тренерот на „металците“, Драган Николиќ даде изјава за официјалниот сајт на АБА-лигата и вели дека овој меч е од огромна важност за двата тима.

„Пред нас е меч кој е „да се биде или не“ за двете екипи, бидејќи кој и да загуби во овој дуел, ќе остане со само теоретски и минимални шани за опстанок во јадранското друштво. Ова значи дека кошаркарите на МЗТ и на Борац ќе влезат во мечот максимално мотивирани и ќе дадат повеќе од своите можности за да стигнат до победата. Ние знаеме што треба да направиме за да дојдеме до посакуваната цел. Мора да одиграме со голема енергија, поголема од онаа што ја имавме на дуелот со Игокеа, само така ќе можеме да се надеваме на успех и важна победа за нас“, изјави Николиќ.