четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Покажавме неспособност

Николиќ: Покажавме неспособност

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Драган Николиќ не го криеше разочарувањето од новиот пораз на неговиот тим кој многу веројатно го носи во АБА 2 иако до крајот остануваат уште четири кола.

Македонскиот првак не смееше да го загуби овој меч, пред се затоа што играше на домашен терен, а идната недела гостува во Чачак кај директниот конкурент Борац. И сега постојат теоретски шанси за опстанок, но тие особено ќе бидат уште помали ако Борац ја победи Мега.

„Што се однесува до Игокеа, ја посакуваа оваа победа и дојдоа до неа. Што се однесува до нас, ние го дозволивме тоа со неверојатни грешки. Покажавме неспособност да добиеме меч кој сакавме да го добиеме и не успеавме поради некои основни грешки и едноставно тоа е тоа. Знаеме во каква сме ситуација, повторувам од ден во ден дека ќе се бориме до крај, но тоа е што е моментално“, изјави Николиќ по натпреварот.