Драган Николиќ ја забележа првата АБА-лигашка победа на чело над МЗТ Скопје, и тоа над третопласираната Цедевита Олимпија.
МЗТ одигра импресивен натпревар во кој го диктираа и темпото и резултатот, доминираа во однос на големиот фаворит и заслужено се радуваа на победата, прекинувајќи ја „црната серија“ од деет порази во низа.
„Мило ми е што имаме причина за задоволство и позитивно расположение. Мислам дека заслуживме победа и порано, тогаш немавме среќа, но се надевам дека оваа победа ќе ни ја зголеми самодовербата. Се надевам дека нашите слаби натпревари се минато, исто како што е минато и проблемите со повредите што го следеа нашиот тим. Победивме силен ривал, многу ја ценам работата на мојот колега Големац. Секогаш ги посветувам победите на некого, знам колку пораки добив кога го преземав МЗТ, буквално од Вардар до Триглав, оваа победа ја посветувам на сите оние кои ми дадоа поддршка од првиот ден кога дојдов во клубот“, изјави Николиќ.