Кошаркарите на МЗТ Скопје играа добро едно полувреме, по што српскиот тим со одлична трета четвртина го реши името на победникот на мечот од редовното коло во АБА лигата.
„Честитки до Звезда за победата, ја видовте нивната сила. Дадовме се од себе, можеме да бидеме задоволни од втората и последната четвртина. Пресуди нивниот квалитет, одигравме според можностите, застанавме после првото полувреме. Продолжуваме со нашите цели, не чека тежок распоред, но нема да се предадеме до самиот крај. Ќе има измени во играчкиот кадар, ќе засилиме со многу повеќе играчи. Не сум странец тука, среќен сум што имам шанса да го извлечам максимумот од овој тим во еден тежок распоред. Се надевам дека ќе ги вратиме насмевките во лицата и вербата кај сите“, изјави тренерот на МЗТ Скопје Драган Николиќ по мечот.