По победата во Битола, издвојувана со Атанасов на клупата, МЗТ Скопје врти нов лист и почнува ерата на Драган Николиќ.Љубителите на кошарката во Македонија го паметат како темпераментен и успешен предводник на проектот Карпош Соколи, а сега треба да ја смени тенденцијата порази во АБА лигата на МЗТ Скопје.
Натпреварот против Цибона во Загреб е негово деби и нималку лесен противник.
„Цибона дефинитивно е најпријатното изненадување досега во АБА лигата. По големите проблеми со кои овој клуб се соочуваше пред почетокот на сезоната, ретко кој очекуваше дека ќе бидат класифицирани кон средината на табелата.Тимот е одлично предводен од мојот голем спортски пријател, Јосип Сесар, кој е добар и талентиран тренер и кој направи чудо од составот што му е на располагање. Јас сум кратко во Скопје, немам време за било какви промени, па во Загреб ќе одиграме со системот и начинот на игра кој и досега го красеше МЗТ Скопје. Се надевам дека ќе пружиме достоен отпор и ќе сториме сѐ за да го изненадиме силниот ривал“, рече новиот тренер на МЗТ Скопје.