Академија ФМП никако да го скрши мразот во БИБЛ лигата, бидејќи вечерва го претрпе и четвртиот пораз на исто толку одиграни натпревари во регионалното натпреварување. Македонскиот претставник овојпат беше поразен од Балкан со 80:71. ФМП Академија успеа да ја намали штетата такашто ги доби втората и последната четвртина, но тоа беше доволно само за поблаг пораз, кој сепак е четврти во БИБЛ лигата.
Ајви со 21 постигнат поен беше најефикасен кошаркар во редовите на македонскиот тим, а исто толку во победничкиот тим постигна и Дерик Маркс. Балкан е втор со оваа победа во групата А, додека Академија ФМП останува четврта со билансот од четири порази и ниту една победа.