среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Нов пораз во АБА лигата – МЗТ Скопје преслушан од Студентски Центар

Нов пораз во АБА лигата – МЗТ Скопје преслушан од Студентски Центар

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје продолжува да бележи порази во АБА лигата со што е еден чекор поблиску од испаѓање од најдоброто клупско натпреварување на овие простори.

Уште во првата четвртина прими 36 поени, на полувреме губеше со 15 разлика (62-47) по што стана јасно дека тешко ќе се дојде до славје против популарните „студенти“. Ништо не се промени ни по паузата, па на крајот МЗТ загуби со 103-85.

Кефи и Миќовиќ со по 20 поени беа најефикасни, браќата Стојановски реализираа по 10 и 11 кошеви. Џексон пак со 20 поени беше прв стрелец кај победничкиот состав.

МЗТ сега има учинок 2-15, во следото коло ја дочекува Цедевита Олимпија.