Екипата на ТФТ доживеа нов убедлив пораз во АБА2 лигата на турнирот што се игра во Суботица.
Во првото коло клубот од Тафталиџе беше надигран од Златибор со 93:74, додека пак вечерва поуспешен од нив беше составот на Широки Бријег и тоа со резултат 85:66.
Нашиот прволигаш не можеше да смета на неколку важни играчи како Марковски, Симонс и Морган и сето ова придонесе за слабото издание, доминацијата на противникот.
Веќе по 10 минути Широки водеше со 32-17, предност која дополнителни ја зголеми до паузата (49-27) по што стана јасно кај кога ќе заршат двата бода.
Хотон со 15 бода беше прв стрелец кај ТФТ кој за следен ривал ја има Цедевита Јуниор