вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Новицки за Дончиќ: Посебен талент, тој веќе ме надмина

Новицки за Дончиќ: Посебен талент, тој веќе ме надмина

Еден од најдобрите европски играчи на сите времиња, Дирк Новицки направи кратка анализа и објасни колку само е добар неговиот некогашен соиграч од Далас Маверикс, Лука Дончиќ.

Новицки беше присутен кога Дончиќ заигра во НБА лигата, односно тие можеа заедно да настапуваат една година. Сега Лука ја има улогата на лидер во составот од Тексас, додека пак легендарниот Новицки исто е присутен, ама како дел од управата.

-Развивме прекрасна врска и малку е тажно што игравме заедно само една година. Тој е посебен талент, ја чита добро играта на само 21-22 години и е неверојатно разноврсен. Јас би рекол дека е веќе подобар од мене од моментот на мојот зенит. Тој е толку добар.

-Задоволство беше да се биде покрај него – тој е добро момче, сака да успее. Останавме во контакт. Јас сум секогаш тука за него ако му треба нешто, ако има прашање или проблем, секако дека ќе му помогнам, порача големиот Дирк кој целата своја НБА кариера ја мина во Далас.