Новиот македонски селектор Драган Бајиќ беше избран за најдобар тренер во АБА лигата за оваа сезона, а наградата ја доби на стартот на плеј-офот, пред дуелот против Црвена Звезда во Белград
Во изборот во кој учествуваа тренерите, новинарите и фановите стратегот на Игокеа ја победи конкуренцијата и на клупата на Македонија ќе дебитира со признание за најдобар тренер на сезоната во регионалното натпреварување.
Новиот македонски селектор доби 63% од вкупниот број на гласови во традиционалното гласање кое го реализира менаџментот на АБА лигата.