Новиот македонски селектор на мапката кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ доби најголем број на гласови и е избран за најдобар тренер во АБА лигата за оваа сезона.
Во изборот во кој учествуваа тренерите, новинарите и фановите стратегот на Игокеа на клупата на нашата селекција ќе дебитира со признание за најдобар тренер на сезоната во регионалното натпреварување.
Новиот македонски селектор доби 63% од вкупниот број на гласови во традиционалното гласање кое го реализира менаџментот на АБА лигата. На второто место заврши предводникот на Цедевита Олимпија, Јурица Големац (10.8%), па следува Владимир Јовановиќ, тренерот на Мега, кој доби 7.7% од вкупниот број на гласови.
Зад себе Драган Бајиќ има една неверојатна сезона со Игокеа. Екипата која ја одведе во друштвото на четирите најдобри кои низ плеј-офот ќе се борат за шампионската титула во АБА, но и за место во следното издание на Евролигата.