Носени од неверојатната еуфорија и победите во март и април српскиот претставник во Евролигата, Партизан, оствари историска победа во Мадрид против Реал со 87-89, во првиот четвртфинален натпребар на Евролигата.
Екипата на Жељко Обрадовиќ до победата стигна со тројката на Кевин Пантер на 04, секунди до крајот. На прес-конференцијата по мечот тренерот Жељко Обрадовиќ го анализираше натпреварт.
„Одигравме фантастичен натпревар. На крајот можеа двете екипи да победат.Задоволен сум од тоа како тимот се бореше четириесет минути. Одлуката Пантер да шутира во последниот напад беше негова одлука. Ова не е првпат да погодува вакви шутеви Кевин, а се надевам дека нема да биде ниту последен. Играше многу добро, тој е неверојатен играч, носеше добри одлуки.Играме против екипа која е еден од главните фаворити за освојување на Евролигата. Најголема грешка што би можеле да ја направиме е да играме релаксирано следниот натпревар. Тоа е првото нешто што им го кажав на играчите во соблекувалната. Следниот натпревар е клучен“, заврши Обрадовиќ.