четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Обрадовиќ: Имаме голем респект кон МЗТ Скопје

Обрадовиќ: Имаме голем респект кон МЗТ Скопје

Кошаркарскиот клуб  Партизан понеделник од 16 часот гостува во Скопје на дуел со МЗТ во АБА лигата, а тренерот Жељко Обрадовиќ даде изјава во пресрет на мечот во „Јане Сандански“.

Човекот кој има девет европски титули, е претпазлив, бидејќи пред 26 години кога го водеше Реал Мадрид, сензационално претрпе пораз во Аеродром од МЗТ Скопје.

„Ја продолжуваме серијата патувања, се разбира, со голем респект кон екипата на МЗТ. Знаеме дека мечот ќе биде тежок. Сигурно дека тие ќе имаат голема желба во првиот меч пред своите навивачи да одиграат добро. Ќе треба да излеземе на терен со максимална концентрација и да играме на нивото потребно за да се добие мечот“ – рече Обрадовиќ.