Најтрофејниот тренер во Европа по натпреварот во Скопје, популарниот Жоц изјави дека овој дуел сите го сфатиле максимално сериозно.
„Добро го отворивме натпреварот и ми се допадна што игравме во ист ритам. Нам ни беше важно да ја поправиме сликата од Берлин пред неколку дена во одбраната и успеавме во тоа. Се надевам дека овој натпревар ќе ги подобри работите за нас понатаму. За МЗТ се подготвувавме исто како и за секој друг противник – максимално сериозно. Само што ја започнавме сезоната, одигравме две добри кола во АБА и морам да му честитам на тимот за прикажаното“, изјави Обрадовиќ.