Партизан влезе во одличен ритам во Евролигата, откако „црно-белите“ славеа на гостувањето против Панатинаикос, врзувајќи три победи во низа во елитното европско натпреварување.
Жељко Обрадовиќ има причина за задоволство, особено ако се знае дека Партизан во Атина покрај Смајлагиќ и Аврамовиќ, настапи и без Нанели, но и со значително ослабен состав успеа да стигне до пбоедата.
„Тоа беше одличен натпревар. Одигравме две различни полувремиња, во првото бевме трпеливи и наоѓавме решенија, во второто ПАО се бореше до крај, а ние направивме доста грешки. Сепак, во финишот донесовме некои паметни одлуки и заслужено победивме. Им честитам на моите кошаркари, но и на Панатинаикос, тоа беше одличен натпревар“, изјави Обрадовиќ.