понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Официјално: Винс Картер ја заврши кариерата

Официјално: Винс Картер ја заврши кариерата

По 1.541 натпревар, 8 „Ол-стар“ настапи, неколку пласмани во идеални тимови во НБА, учесник во најнезаборавниот натпревар за забивање и серија искршени обрачи, големиот Винс Картер и официјално објави дека ја прекинува својата активна кошаркарска кариера. Винс ја направи оваа изјава во специјална епизода на „The Ringer“ – „Winging It with Vince Carter“.

– Официјално завршив со професионална кошарка, рече легендата и разочара милиони.

Така, Винс се повлече од омилениот спорт по 22 години во НБА, каде ги бранеше боите на Торонто, Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта. 43-годишната икона на американската кошарка никогаш не успеа да го допре трофејот во НБА, но тој сигурно ги плени срцата на сите љубители на играта со неговата самопожртвуваност, скромност и атлетизам на подот.

– Фактот дека го реализирав мојот последен шут многу помогна во ситуацијата. Ако не го направев тоа сè ќе беше малку поинаку. Ќе ме чешаше, ќе сакав да играм уште една минута, само за да погодам еден шут. Не ми беше грижа како. Како играч кој го одигра својот последен натпревар, секогаш сакате да тврдите дека сте го постигнале вашиот последен шут. И сега можам да кажам дека тоа ме прави среќен, рече Картер за неговиот последен шут – тројка во последните секунди од мечот на Атланта против Њујорк Никс во март.