Кошаркарската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години загуби од Бугарија со (64-69) во битката за седмото место на Европското првенство – Б Дивизија.
Марко Миловановиќ со 18 поени се истакна меѓу стрелците кај македонската репрезентација, а Лука Савичевиќ додаде 14. Костадинов со 22 поени беше прво име кај Бугарија.
Првенството во Грузија го завршуваме како осмопласирани, што е најдобриот резултат на Македонија за оваа возрасна категорија, до 20 години во европската младинска зона на натпреварување.