петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пабло Ласо наскоро селектор на Израел?

Пабло Ласо наскоро селектор на Израел?

Челниците на Израелската кошаркарска федерација наскоро ќе се сретнат со шпанскиот стратег Пабло Ласо за да го убедат да ја преземе репрезентацијата на оваа земја. Директорот на израелската репрезентација Пини Гершон ја иницираше оваа средба, кој сака познатиот шпански стручњак да го води Израел во наредниот период.

Ласо моментално е без ангажман, бидејќи минатата година го раскина договорот со Реал Мадрид. Со мадридскиот клуб освои 22 трофеи. Ласо неодамна изјави дека се чувствува одлично и додаде дека е подготвен за нови предизвици.

Израел во моментов е без селектор, бидејќи Гај Гудеш поднесе оставка во ноември минатата година по неуспехот на репрезентацијата на Европското првенство.