Шпанскиоѕ кошаркарски тренер Пабло Ласо преживеа срцев удар пред крајот на минатата сезона и успешно се оправи од големиот шок, но во моменти кога се уште не го надмина истиот, доживеа големо разочарување.
Ласо заработи отказ од Реал Мадрид поради здравствени причини и не доби дозвола од Флорентино Перез да продолжи да го води првиот тим, што значеше дека Ласо ќе мора да мине една година без кошарка.
„Кралевите“ го ангажираа Чус Матео и тоа се покажа како одличен потег за клубот кој ја освои европската титула оваа сезона, но по крајот на истата, пристигна информација за новиот предизвик кој ќе го има Ласо.
Искусниот стручњак си подаде рака со Баерн Минхен и ќе го води баварскиот великан во наредните две години, откако потпишал договор со 2025-та година.
– Ова е голем чекор во мојата кариера, првпат ќе работа во друга земја. Досега работев само во Шпанија и ова е огромен предизвик за мене. Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим и од оваа голема организација, – порача Ласо.