Трејд периодот во НБА-лигата доаѓа при крајот, па така екипите ги користат максимално сите ресурси да заменат играчи или да се ослободат од оние на кои не сметаат.
Четири тима постигнаа договор и направија голем трејд. Сакраменто Кингс, ЛА Клиперс, Милвоки Бакс и Детроит Пистонс разменија дури седум играчи.
Главно име на трејдот е шпанскиот кошаркар Серж Ибака кој потпиша за Милвоки Бакс.
Во редовите на Сакраменто Кингс пристигнаа Донте Дивинченцо, Треј Јулс и Џош Џексон, кај „бакси“ покрај Ибака ќе дојдат уште два пика на следниот драфт, плус ќе се добијат и пари. Кај Клиперси пристигнаа Родни Худ и Семи Оџеле, додека Детроит го доби Марвин Бегли Џуниор.