четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Падна и Украина – Македонија е во финале и oбезбеди пласман во А дивизијата

Падна и Украина – Македонија е во финале и oбезбеди пласман во А дивизијата

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ќе игра во финалето на Европското првенство Б дивизија откако во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Украина со убедливи 66-53, со овој триумф изборивме и пласман во А дивизијата каде што се најдобрите европски селекции.

Нашата репрезентација беше ослабена за неиграњето на Андреј Митревски кој е еден од најдобрите кошаркари во овој состав, но работите во свои раце ги презема Резарт Мемед кој имаше фантастична партија.

Македонија водеше во текот на целиот меч, имаше полна контрола на резултатот и не дозволи противникот во ниту еден момент да ја загрози победата, конечниот резултат беше 66-53.

Најефикасен беше Резарт Мемед со 24 поени од кои шест беа тројки, двоцифрен беше уште и Амар Хот со 12 поени, имаше и 11 скокови, 11 скокови имаше и Теодор Симиќ кој даде осум поени.

Во финалето (утре 21:00) Македонија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Шведска.