сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Панатинаикос официјално му врачи отказ на Дејан Радоњиќ

Панатинаикос официјално му врачи отказ на Дејан Радоњиќ

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос објави дека го раскина договорот со црногорскиот стратег Дејан Радоњиќ.

Радоњиќ дојде во „зелено-белите“ на почетокот на сезоната, но атинскиот гигант не бележи резултати какви што се очекуваат, па веќе неколку дена се споменува смена, која вечерва и официјално се случи.

Екипата против Армани Милано ќе ја води Христос Серелис.  Се шпекулира дека за следната сезона екипата би можела да биде водена од легендарниот Пабло Ласо, екс тренерот на Реал Мадрид кој пред неколку дена ја одби селекторската позиција на Израел.