среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

ПАО со милионска понуда за Кампацо

ПАО со милионска понуда за Кампацо

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос продолжува со создавањето конкурентен тим за следната сезона.

Откако беше објавено дека турскиот тренер Ергин Атаман ќе го преземе тимот наредната сезона сега доаѓа и информацијата дека ПАО му нуди богат договор на аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо.

Кошаркарот во моменетот е во Црвена Звезда, но многу е веројатно дека наскоро ќе замине од Белград, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се наведуваат Панатинаикос и Реал Мадрид.

Според грчките медиуми, ПАО му нуди одлична плата на Аргентинецот и сака да го привлече во Атина каде би бил еден од главните играчи во тимот.

Грчкиот гигант наводно му понудил на Кампацо тригодишен договор со плата од 2,5 милиони евра по сезона, што значи дека заедно со додадните бонуси, оваа сума може да ја надмине границата од осум милиони евра.