петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Паоло Банкеро дебитант на сезоната во НБА лигата

Паоло Банкеро дебитант на сезоната во НБА лигата

Првиот избор на ланскиот драфт, Паоло Банкеро, апсолутно заслужено стигна до признанието „Дебитант на сезоната во НБА“, откако италијанскиот репрезентативец освои вкупно 494 од можните 500 бодови во гласањето.

Дури 98 од 100-те луѓе кои гласаа му го доделија првото место токму на асот на Орландо меџик, кој имаше извонредна прва сезона во најсилната лига на светот.

20-Годишниот Банкеро имаше просек од 20 поени и 6,9 скокови по натпревари, шест пати сезонава постигна над 30 поени, а дури 40 пати ја надмина границата од 20 постигнати поени.

Тој стана третиот кошаркар на Орландо кој го добил признанието за дебитант на годината, по Шекил О’Нили Мајк Милер.

Второто место во гласањето му припадна на Џејлен Вилијамс од Оклахома Сити со 241 бод, пред Вокер Кеслер од Јута со 114 бодови. Гласови уште добија и Бенедикт Матурин од Индијана (27), Киган Мареј (Сакраменто 21) и Џејден Ајви од Детроит (три).