Белградски Пaртизан успеа да доведе уште едно квалитетно засилување од НБА-лигата откако вечерва беше потпишан договор со Френк Камински.
Станува збор за 30-годишен центар кој во 2015 беше деветти пик на НБА-драфтот, избран од тимот на Шарлот. Тој најдобрите денови во НБА ги мина токму во Шарлот, по што настапуваше и за Хјустон, Феникс и Атланта, но во последните неколку сезони значително му се намалија и минутажата и статистичките податоци.
Тоа беше причина Камински летово да се реши да дојде во Европа, на маса имаше и понуда од Макаби, но по долги разговори на крајот реши да потпише договор со Партизан. „Црно-белите“ неодамна го доведоа Доузер од НБА-лигата како замена за Егзум, а Камински би требало да биде стартен центар кај тренерот Обрадовиќ, заземајќи го местото на Лесор.