среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Патот до ЕП 2025 повторно започнува од Скопје и тоа против Естонија

Патот до ЕП 2025 повторно започнува од Скопје и тоа против Естонија

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација патот до Евробаскетот 2025 година го започнува од Скопје и тоа со најважниот натпревар во квалификациите во кои за противници ги имаме Естонија, Литванија и Полска.

На 23. февруари 2024 година во Македонија ќе гостува Естонија, интересно противник со кој ги започнавме и квалификациите за Евробаскетот 2022, а претрпевме пораз во преполниот СЦ „Борис Трајковски“.

Првиот прозорец ќе биде комплетиран на 26.02 со гостување во Полска по што не очекува репрезентативна пауза до ноември кога ќе се сретнеме два пати со Литванија, прво на домашен терен, а потоа и на гости.

Во третиот прозорец кој ќе биде одржан во февруари 2025 година не очекува гостување кај Естонија и домашен натпревар во Полска.