Американскиот кошаркар Патрик Беверли потпиша договор со Чикаго Булс, пренесува американскиот „ЕСПН“. 35-годишниот Беверли кој е роден во Чикаго досега немаше играно за Булс.
Беверли сезонава играше за Лејкерс просечно постигнувајќи по 6,4 поени, 3,1 скок и 2,6 асистенции по натпревар. Искусниот кошаркар на 9. февруари премина во Орландо Меџик, но неколку дена подоцна беше јасно дека договорот веднаш ќе биде раскинат.
Чикаго во моментов е на 11. место на Источната конференција со 26 победи и 33 порази.