петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пелистер го договори Андреј Магдевски

Пелистер го договори Андреј Магдевски

Кошаркарскиот репрезентативец Андреј Магдевски се согласи да потпише едногодишен договор со Пелистер и утре доаѓа на потпис и претставување во градот на конзулите.

Магдевски беше без клуб од почетикот на сезонава, по разделбата со холандски Донар. Во својата кариера Магдевски, освен во редовите на МЗТ Скопје, настапуваше и за Партизан, Аксарквија, Плоешти, Гостивар и Фени Индустри.

Тренерот Радуловиќ ќе го има Магдевски на два тренинзи во Битола и веројатно ќе го сврстиво тимот за дербито против МЗТ Скопје в среда попладне во „Боро Чурлевски“ во Битола. Ова засилување веројатно не е последно и вицешампионот наскоро се очекува да доведе уште едно странско засилување.