Со двата одиграни вечерва во домашното кошаркарско првенство беше комплетирана 11 рунда во Првата лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја задржаа онаа победничка форма која трае уште од нивниот престој во Сараево каде во „балонот’ на АБА 2 лигата врзаа три победи. Кошаркаеите од Аеродром, а вечерва пред нив падна одличниот состав на Навико Академија ФМП. Ова откако го совладаа тимот на Академија ФМП со 96:70.
Репрезентативниот двоец Крстевски-Стојановски ја диктираше играта во нападот (двајцата по 15.реализации, а многу брзо во второто полувреме, бројката од десет или повеќе поени во домашната екипа ја надминаа Дејвис и Мекиќ.
На вториот меч одигран вечерва, Пелистер предводен од Малешевиќ и неговите 17 поени славеше кај ТФТ Скопје со 74:71.