Пелистер остана со максимален учинок и по петтото коло од македонската прва кошаркарска лига, победувајќи го (85:90) Еуро Никел во Кавадарци.
Домашниот тим најави дека ќе биде сериозен ривал на лидерот на табелата во првиот период кој го доби со 23:13, но Пелистер ја намали негативата до паузата.
Битолчани продолжија со добрата игра и во третиот период кој го завршија со четири поени предност, а последната етапа од дуелот донесе интересен натпревар, во кој Еуро Никел стопи и десет поени предност, но на крајот Пелистер сепак стигна до победата.
Малешевиќ со 18 и Стајиќ со 16 поени беа најдобри поентери во редовите на Пелистер, додека Ѓекиќ реализираше 18 поени во редовите на Еуро Никел.
Тимот од Кавадарци останува на само една победа, додека Пелистер е лидер со пет победи по пет одиграни натпревари.