четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ: Моите играчи беа одлични

Петровиќ: Моите играчи беа одлични

Тренерот на македоснкиот кошаркарски шампион МЗТ, Александар Петровиќ изјави дека неговиот тим одигра одлично и дека имаше контрола на целиот натпревар.

– Тоа што се договоривме, момците го испочитуваа. Пак малку затаивме во првото полувреме во скокот. Но, со добра игра го регулиравме скокот во вториот дел. Ривалот во првиот дел имаше 10 офанзивни скокови, а три-четири во второто полувреме на почетокот од третата четвртина. Во тој сегмент беа подобри, но ние бевме одлични во сите други параметри. Имавме седум играчи со двоцифрен број на поени, дисциплината беше на врвно ниво, презадоволен сум. Одиме напред, ништо не е решено, ова е голема победа за нас. Со едно залагање, со тимска игра можеме да направиме добри резултати сезонава со цел да се обезбеди опстанок – рече Петровиќ по мечот со Мега МИС.

Следен јадрански ривал на македонскиот шампион е Игокеа на која ѝ гостуваат следната недела.