петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ: Не сум задоволен од играта, заслуживме убедлив пораз

Петровиќ: Не сум задоволен од играта, заслуживме убедлив пораз

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Александар Петровиќ по средбите против белграѓани можеше и да најде нешто позитивно во играта на своите избраници, вечерва беше далеку понерасположен на прес-конференцијата по средбата.

„Не сум задоволен како изгледаше мојата екипа на паркетот во ‘Морача’, особено во нападот и во ситуациите кога нашите бекови не ја читаа играта на противникот. Имавме премногу загубени топки. Таман намаливме на само шест поени негатива, влеговме во серија глупави грешки и промашивме чисти шутеви. Имавме лоша реализација во шутот за три поени и од линијата за слободни. Сето ова носи заклучок дека заслуживме ваков пораз“, изјави Петровиќ.

Првата вистинска шанса за сефте победа во АБА по пауза од четири години, кошаркарите на МЗТ ќе ја имаат следната сабота на домашен терен, кога им доаѓа црногорски СЦ Дерби, еден од кандидатите за борбата за опстанок.